5.8 C
Скопје
03:30 - 1 април, 2026

Вознемирувачко: Колку повеќе пати ќе се заразите со ковид, толку е поголема веројатноста да носите долгорочни последици, се тврди во новото истражување

Колку повеќе пати ќе се заразите со Ковид, толку е поголема веројатноста да носите долгорочни последици. Ова е вознемирувачки заклучок од новото истражување кое се заснова на податоци од УС Ветеранс администрејшен.

Тројца истражувачи Зијад Ал-Али од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Вашингтон, Бенџамин Боу и Јан Кси, двајцата од В.А. Сент Луис Хелт кеар систем, ги истражија медицинските досиеја на 5,7 милиони американски ветерани.

Околу 260.000 се заразиле со Ковид само еднаш, а 40.000 биле реинфицирани барем уште еднаш. Групата вклучувала 5,4 милиони луѓе кои никогаш немале ковид. Ал-Али, Боу и Кси ги следеле пациентите во период од шест месеци и дошле до изненадувачки заклучок:

„Во споредба со луѓето со првата инфекција, реинфекцијата придонесува за дополнителни ризици по здравјето“.

Секогаш кога се инфицирате со коронавирус се зголемува ризикот од кардиоваскуларни нарушувања, се зголемуваат проблемите со коагулацијата на крвта, дијабетес, замор, гастроинтестинални и бубрежни нарушувања, проблеми со менталното здравје, мускулно-скелетни и невролошки нарушувања, односно сите оштетувања се зголемуваат со реинфекција, иако антителата треба да го бранат нашето тело.

„Реинфекцијата додава нетривијални ризици“, предупредија истражувачите. Проблем кој ризикува да расте со оглед на тоа што мутацијата на вирусот води до голем број реинфекции: според тројцата истражувачи, половина милијарда луѓе ширум светот се заразиле со ковид повеќе од еднаш.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....