6.8 C
Скопје
05:42 - 30 март, 2026

Во земјотресот загина турскиот ракометен капитен и неговиот син: По бремената сопруга сè уште се трага, но без надеж дека е жива

Ракометниот капитен на Турција и неговиот син беа пронајдени мртви во урнатините на зградите по земјотресот што ги погоди Сирија и Турција и однесе десетици илјади животи.

Турскиот ракометен сојуз соопшти дека капитенот на нивната репрезентација Џемал Кутахи (32) загинал во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија и однесе илјадници животи. Заедно со ракометарот животот го загуби и неговиот петгодишен син Чинар.

Инстаграм

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг Џемал Кутахи, капитенот на нашата репрезентација и неговиот син Чинар. Тие се пронајдени под урнатините на куќата во која живееле во Антакија, соопшти ракометниот сојуз, додавајќи:

„Господ да ги помилува починатиот и неговиот син. Наше сочувство до роднините на загинатите и ракометната заедница“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cemal Kütahya (@cemal_kutahya)

Но, да биде работата уште полоша, а трагедијата поголема, во урнатините настрада и сопругата на ракометарот, која била бремена и по која се уште се трага.

Заедно со неа продолжува и потрагата по мајката на ракометарот, а спасувачите се сомневаат дека ќе ги пронајдат живи, зашто веќе со денови се затрупани под масивните ѕидови на срушените згради.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо
Се вчитува....