-1.2 C
Скопје
00:10 - 24 ноември, 2024

Во последното интервју на Бора Чорба, заплака новинарката: „Погледни во очите на нашето мало куче, таму ќе со сокријам…“

Во последното интервју кое ѝ го даде на познатата српска новинарка Мира Адања Полак, Бора Ѓорѓевиќ призна дека бил свесен дека здравјето му е нарушено, како и дека љубовта кон Дубравка му била главен мотив да живее што подолго.

Легендарниот Бора Чорба кој почона на 4 септември, на 72 годишна возраст, во Клиничкиот центар во Словенија, погребан е во родниот Чачак. Борбата за живот траела подолго време со оглед на тоа дека рокерот бил свесен дека здравјето му е драстично нарушено, а последните денови ги поминал на респиратор. Токму за таквата здравствена состојба проговорил во последното интервју што го даде на Мира Адања Полак.

Интервјуто се случувало на почетоткот на годината, откако Бора го победи воспалението на белите дробови кое го имаше за Нова година, поради што беше и откажан настапот за новогодишната ноќ. Водителката тогаш го запраша кога забележал дека старее, а фронтменот на Рибља чорба одговори:

„Јас воопшто не сум приметил дека стареам, јас сум се уште во пубертет, но фактите ме негираат, кога почнаа да ми се расипуваат деловите – беше духовит прочуениот рокер, па од неговиот телефон се слушна песната – „Заиста не волим то што старим, постајем матора ленштина, не живим, само животарим и патим од разних болештина…Гледам сутра и не видим себе, можда ме нема у новом пролечу, осим ако се не пробудим крај тебе, тебе сам волео, волим и волечу“ – отпеа Бора.

Во интерјуто тој истакна дека е свесен дека претерувал што се одразило на неговиот организам.

„Тешко е да се каже, сфатив кога престанаа да ми работат поединечни делови, а немаше резервни делови, тогаш забележав дека е добро да одам на генералка“ – се пошегува.

Призна и дека не реагирал веднаш на сигналите.

„Не, секако дека сум се запуштил, тоа е толку логично. Човек прво помислува ќе терам додека можам, ваљда луѓето како мене, одам па до каде ќе стигнам, не се грижам воопшто. Сега знам покрај кого сум, со кого живеам и кој ме сака и дека има смисла да се трудам да потраам што подолго за таа љубов да потрае – рече Бора.

Бора ја изрецитира својата нова балада и така ја расплака Мира Адања Полак.

„И кога ќе исчезнам, ќе најдам начин да видам кога си паднала во криза. Во твојот живот да бидам начин, да ти се најдам да бидам близу, погледни во очите на нашето мало куче, длабоко во нив ќе се сокријам јас. Морам на еден подолг излет, се враќам сигурно, ма тоа е разделба само на изглед, затоа без солзи кога еднаш ќе одам. Погледни во очите на нашето мало куче, длабоко во нив ќе се скријам јас…“.

Важен детаљ во тестаментот на Бора Чорба: Откриено е што ќе биде со неговиот имот после смртта

Слични објави

Познатата српска пејачка се пофали со богатството: Син ми на 5 години има стан во Дубаи, а мојот во Србија вреди 300.000 евра

Еспресо

Станија живее раскошно во Мајами: Старлетата се почестила со џип и луксузен стан, за кои потрошила 825.000 долари!

Еспресо

Неверојатна сума: Крунисувањето на кралот Чарлс Трети чинело повеќе од 70 милиони фунти!

Еспресо

(Фото) Хрватскиот актер ужива во друштвото на поранешната девојка на Леонардо Дикаприо

Еспресо

(Фото+видео) Александра Пријовиќ ги прошета „пантерите“ од 50.000 евра! Пејачката на славата кај Брена и Боба носи луксузен накит од „Картие“

Еспресо

Хороскоп за 23 ноември: Скорпиите ќе добијат неочекувани пари, Близнаците ќе имаат ситни проблеми со партнерот

Еспресо
Се вчитува....