19:25 - 10 ноември, 2026

Во поранешна Југославија 4 часа водеше Неделно попладне – почина Саша Залепугин

Саша Залепугин, познатиот телевизиски водител почина ноќеска во болница во Загреб. Тој неодамна доживеа мозочен удар.

Новинарот и уредник на Неделно попладне почина на 91-годишна возраст.

– За мене беше исклучително важно гледачот да верува во тоа што му го кажувам. Се сеќавам дека за легендарниот Звонко Летица рекоа дека кога ќе се појави на екранот луѓето ќе помислат дека почнува светска војна. Тој драматично би ги претставил вестите и би го заинтересирал гледачот да слушне што има да каже. Постојано треба да се грижите тоа што го кажувате да го слушне некој кој седи дома на каучот и кој ќе ве слуша ако сте фини со него, ако ја кажувате вистината и не се обидувате да манипулирате со нив. Многу брзо ќе ја види манипулацијата, изјави Залепугин за Вечерњи лист летово.

Залепугин е роден во Сараево и беше еден од најпознатите телевизиски водители во поранешна Југославија, посебно стана заштитен знак на емисијата Неделно попладне.

На РТВ Загреб, Залепугин почна да работи во 1966 година прво како уредник на Културната панорама, а од 1968 година како уредник на програмата за култура на ТВ Загреб.

Залепугин беше уредник на Забавната програма на ТВ Загреб од 1971 до 1973 година, кога почна да ги уредува и да ги води мозаичните емисии под наслов Неделно попладне кои траеја по 4 часа. Оваа емисија во 1983 година го доби името „Састанак без дневног реда“, пишува во биографијата на Саша Залепугин.

 

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....