19:38 - 10 ноември, 2026

Папата вмешан во афера за поткуп при ослободување киднапирана калуѓерка

папа франсис

Папата Франциск бил тајно снимен за време на телефонски разговор со кардинал, пренесува Си-ен-ен.

Судот во Ватикан преслуша аудиоснимка меѓу папата Франциск и кардиналот Анџело Бечиу, обвинет во судскиот процес во кој кардиналот бара од папата да потврди дека одобрил плаќања помош за ослободување на киднапирана калуѓерка во Африка.

На новинарите не им беше дозволено да ја слушаат снимката, но транскриптот на италијанската финансиска полиција потоа беше објавен од италијанската новинска агенција „Аднкронос“.

Тројцата бранители на судењето исто така подоцна им ја потврдија содржината на разговорот на присутните новинари во Ватикан.

Бечиу беше обвинет за проневера и злоупотреба на службената положба. Тој бара од папата да потврди дека одобрил плаќања од кардиналот на советничката за безбедност, Сесилија Мароња, која исто така е обвинета за проневера, во замена да ѝ плати на британската компанија „Инкерман груп“ за да обезбеди ослободување на киднапираната калуѓерка од исламските милитанти во Мали во 2017 година, се наведува во транскриптот.

Според транскриптот, папата Франциско за време на повикот рекол дека има нејасно сеќавање и побарал од Бечиу да го запише она што би сакал да го види потврдено. Исплатените суми, според кардиналот Бечиу, биле 350.000 евра на британска компанија и 500.000 евра, откуп за калуѓерката.

Кардиналот Бечиу, кој беше отпуштен од папата во 2020 година и му беа одземени повеќето кардинални права, секогаш тврдеше дека сите финансиски трансакции што ги презема биле целосно одобрени од неговите претпоставени, вклучувајќи го и папата Франциск.

Бечиу и Мароња се изјаснија дека не се виновни за ниту едно од обвиненијата на судењето.

Слични објави

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.
Се вчитува....