5.8 C
Скопје
07:09 - 1 април, 2026

„Во еден момент темнината стана неподнослива“: Беjби Лазања се борел со депресија, еве како го нашол спасот

Марко Пуришиќ, кој на јавноста ѝ се претстави како Бејби Лазања, важеше за фаворит за победа на Евровизија уште од моментот кога ја освои хрватската „Дора“ и се најде во центарот на вниманието на јавноста.

Бејби Лазања ја воодушеви европската публика со енергичната песна „Rim Tim Tagi Dim“ која му го донесе второто место ,но и голема популарност надвор од границите на неговата земја.

Неговиот настап на Евровизија беше проследен со необична приказна. Имено, Зса Зса, една од финалистите која требаше да настапи на годинешната „Дора“ со песната „Awaken my lips“, се повлече од натпреварот. Наместо тоа, според правилата, можност за настап во „Дора“ добива првата резерва, а во случајов тоа беше Бејби Ласања со песната „Рим Тим Таги Дим“.

Меѓутоа, кога е во прашање неговиот приватен живот, тој поминал низ многу предизвикувачки фази и долго време се борел со депресија.

На само 25 години веќе имал успешна кариера и настапувал пред илјадници луѓе, со строга диета успеал да ослабе повеќе од 30 килограми, ги положил испитите на факултет и бил во среќна врска – но нешто сепак нешто не функционирало за него.

„Не можев да останам со луѓе и бегав во изолација во мојот стан. Чувствував притисок, како срцето да ми беше во туѓа тупаница која безмилосно го стискаше. Ме придружуваше замор и очај, накратко паднав во депресија“, изјави неодамна за Битно.нет.

„Во еден момент темнината стана неподнослива. Му се јавив на татко ми кој точно знаеше што ми треба. Ме одведе кај пријател поп на разговор. По средбата со него, темнината полека почна да исчезнува, а нејзиното место го зазеде среќата и чувството на исполнетост“.

Марко поттикнат од родителите, од мали нозе бил редовен во црквата. Верата „фолклорно“ ја практикувал речиси цел живот.

„Отидов во црква и се однесував како што сакам. И кога се молев, тоа секогаш беше подредено на моите моментални желби и потреби“.

Астропрогноза за недела, 19 мај: Изненадување за близнаците, биковите да сушаат совети

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....