07:56 - 12 март, 2026

Вистината за односот на Бред Пит и децата: „Џоли купува време“

Инсајдер проговори за врската на Бред Пит со децата во позадината на неговиот конфликт со Анџелина Џоли.

Бред Пит се обидува да поминува што повеќе време со своите деца и покрај конфликтот со поранешната сопруга Анџелина Џоли,  објавеи  Us Weekly повикувајќи се на инсајдери.

Минатиот месец актерот одлета во Италија за да им честита роденден на близнаците Вивиен и Нокс, кои имаат 14 години.
„Тој се стреми да ги гледа децата што е можно почесто, каде и да се. Тој замина во Италија за роденденот на близнаците и тоа многу им значеше“, вели изворот и додава „Бред инсистира на секој слободен момент поминат со децата. Тој ужива да биде родител и се обиде да извлече максимум од оваа тешка ситуација со оглед на тоа колку е тежок неговиот однос со Анџелина“.

Неодамна Пит ја пофали својата ќерка Шајло која напредува во танцувањето, а ѝ честиташе на својата ќерка Захара за влезот на факултет.

„Ми се допаѓа кога го наоѓаат својот пат, го наоѓаат она што ги интересира и напредуваат“, се изјасни тогаш Пит.

Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во 2016 година. Тие се уште се борат за старателството над нивните деца: 17-годишната Захара, 16-годишната Шајло и 14-годишните близнаци Нокс и Вивиен. Покрај тоа, Џоли и Пит имаат и возрасни синови: 20-годишниот Медокс и 18-годишниот Пакс.

Според упатените, Пит верува дека Џоли не сака со него да го дели старателството над наследниците и намерно „игра на картата на времето“, чекајќи децата да наполнат 18 години.

Претходно, Анџелина Џоли го „победи“ Бред Пит во судски спор за нивната заедничка француска винарија наречена Шато Миравал: Пит ја обвини Џоли дека продала дел од нивниот вински бизнис на рускиот бизнисмен Јури Шефлер, чија компанија исто така се занимава со производство на алкохолни пијалоци, и ја тужеше актерката да го откаже договорот. Судот во Лос Анџелес сепак пресуди во корист на Џоли.

Анџелина Џоли е старателка на 6-те деца, во какви односи се тие со татко им, Бред Пит?

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....