9.8 C
Скопје
12:57 - 31 март, 2026

Викторија Бекам има долг од над 65 милиони долари; бизнисот со модата не ѝ оди

Брендот за облека на Викторија Бекам има долг од над 65 милиони долари. Ова стана познато од финансиските извештаи на компанијата со кои располага „Мирор“.

Минатата година, ревизорите веќе објавија дека компанијата на ѕвездата е на работ на банкрот, тогаш нејзините долгови изнесуваа повеќе од 55 милиони американски долари. Оваа година бројката е зголемена, како што потврди и официјалниот претставник на Викторија. Во исто време, славната личност должи 35 милиони од вкупниот износ на други претпријатија од семејството Бекам.

Според објавените податоци, поради ефектите од пандемијата, вкупниот приход на Викторија Бекам Холдингс паднал за 6%, од 46 милиони долари на 43 милиони долари. Приходите на групата не ги покриваат трошоците.

И покрај тоа, вкупниот приход на претпријатијата на семејството Бекам продолжува да расте, пишува весникот.

Претходно оваа недела, сопругата на Бруклин Бекам, Никола Пелц, откри дека планира да носи фустан од брендот на нејзината идна свекрва на венчавката, но Викторија сфатила дека нејзиното ателје нема да може да го изработи.

Слични објави

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо
Се вчитува....