7.8 C
Скопје
23:05 - 31 март, 2026

(Видео)„Оливер Драгојевиќ, среќен ти роденден и таму горе!“: Милица го обработи хитот „Цесарица“ на многу емотивен начин, ќе се расплачете!

Милица Тодоровиќ, српската пејачка со неверојатни вокални способности, ја изненади публиката со нов кавер. Иако не е од оние пејачки кои често го прават ова, сега имала одличен повод, но и чест – како што вели.

Имено, таа на неверојатен и целосно автентичен начин го изведе познатиот хит на Оливер Драгојевиќ „Цесарица“, а пораката што ја испрати предизвика лавина емоции.

– Оливер, среќен роденден таму горе, те сакаме! Исклучително сум почестена и задоволна што добив можност да ја обработам оваа песна. Сакам да им се заблагодарам на семејството на Оливер Драгојевиќ и Џибони за довербата и правата за ова ремек дело – напиша Милица на својот Инстаграм профил.

Следуваше лавина реакции и пофалби, како од обожавателите, така и од јавните личности кои беа воодушевени од нејзиниот потег.

– Нормално не ми се допаѓа кога некој друг ги пее песните на Оливер, но морам да признаам дека ова е многу добро. Секоја чест Милице! На оваа песна и даде свој печат, убаво звучи. Леле, ме полазија морници. Сите сме воодушевени – ова се само дел од коментарите кои ги преплавија социјалните мрежи.

 

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....