9.8 C
Скопје
15:22 - 19 февруари, 2026

(Видео) Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ се бори со рак: Имплантите на дојка се виновни за болеста

Познатата актерка Никол Егерт, позната по улогата во хит-серијата „Чувари на плажата“ („Baywatch“), се бори со рак на дојка и искрено проговори за нејзиното длабоко каење поради тоа што подлегнала на убедувањето за зголемување на градите. Сигурна е дека токму поради имплантите ја добила оваа страшна болест.

Овој шокантен факт актерката го искажа во едно интервју, не без причина. На крајот на февруари на 51-годишната Никол ѝ беше дијагностициран рак на лимфните јазли. Пред само неколку недели лекарите открија рак на дојка во 2-ра фаза. Никол е загрижена за својата болест, која е од редок вид – инвазивен крибриформен карцином.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Eggert (@_nicole_eggert)

Како што признала актерката, на 19-годишна возраст решила да направи операција за зголемување на градите, токму за време на снимањето на „Baywatch“. Сеќавајќи се на тој момент, Никол признава дека нејзиниот лик во серијата Самер Квин во црвен костим за капење изгледалал непривлечно без поголеми гради, зашто во костимот изгледала „рамно“, а поради тоа се чувствувала лошо за нејзиниот изглед. Тогаш решила да стави силиконски гради.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carmen Electra (@carmenelectra)

„Да ги немав, да ги имав моите мали, природни гради, сигурна сум дека ќе го почувствував развојот на ракот многу порано“, рече актерката.

Сега во текот на лекувањето на ракот, актерката во емотивно видео објави дека ја избричила главата. Таа покажа како нејзината ќерка ѝ помага да го избричи задниот дел од главата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Eggert (@_nicole_eggert)

„Можеби исцелувањето не вклучува толку многу менување на себеси, туку дозволување да бидеме тоа што сме“, напиша Никол во описот на видеото што го сподели на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Eggert (@_nicole_eggert)

Ни најблискиот персонал не ја видел Кејт Мидлтон: Вистината ја знаат само Чарлс, Камила и Вилијам

Слични објави

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо

„Простете ми за моето грдо минато“: Аца Лукас проговори за дуетите со Цеца и направените грешки

Еспресо

Ѝ се слошило среде снимање спот! Надица Адемов доживеа незгодна ситуација, откри како се чувствува

Еспресо
Се вчитува....