12:42 - 5 декември, 2025

(Видео) Живот под бомбите во Мариупол: постхумен филм на Кведеравичиус во Кан

„Мариуполис 2“ е монтажен филм снимен со сликите на литванскиот режисер убиен кон крајот на март во Украина додека се обидувал да го напушти опколениот град каде ја документирал војната.

Вистински случај на Канскиот филмски фестивал е филмот Мариуполис 2: приказна од маченичкиот град во Украина, прекинат затоа што литванскиот режисер Мантас Кведаровичиус бил убиен за време на пукањето.

Кога започна руската инвазија на Украина, литванскиот режисер Мантас Кведаравичиус веднаш се вратил во Мариупол, каде го снимал својот филм Мариуполис [+] од 2016 година за да го документира животот за време на војна. Додека се обидувал да замине од градот кон крајот на март годинава, бил убиен, а неговата девојка Хана Билоброва успеала да ја преземе снимката.

Хана Билоброва сега е ко-режисерка на филмот кој го претстави со светска во Кан како дел од Специјалните проекции.

Додека филмот се отвора доста драматично, со проектил на кој му се слуша звукот премногу блиску и самиот режисер кој трча за да се заштити со својата камера, тој навистина нè потопува во животот – и смртта – за време на војната, на суров начин и целосно без украсувања. А таквиот живот главно се состои од чекање, со долги мигови на гледање на панорамата на разурнатиот град низ скршените прозорци, додека колони чад се издигнуваат во далечината, на звукот на пукотниците и бомбите. Жените готват храна во големи тенџериња над оган на гробиштата, мажите одат во потрага по алати, клинци и резервни делови за да ги поправат вратите и прозорците – и наоѓаат генератор во една куќа од која веќе почнуваат да мирисаат два трупа.

Веќе видовме слики од уништениот град, а сега можеме да поминеме 112 минути со луѓето чии домови и најблиски ги нема засекогаш. Се чини дека има малку место за страв: кога ќе се огласи експлозија во далечината, тие инстинктивно се затресуваат или трепнуваат, но потоа продолжуваат со својата работа. Ликовите зборуваат за непосредни работи, понекогаш се впуштаат во сеќавања или, ретко, во мислења.

Составен главно од долги кадри, филмот бара од гледачот да биде присутен и да набљудува, наместо да нуди политичка гледна точка или некаква значајна информација.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....