4.8 C
Скопје
04:46 - 28 март, 2026

(Видео) Владо Георгиев откри дали хит песната „Лажљива“ е посветена на Наташа Беквалац: Вистината излезе на виделина по 25 години

Пејачот Владо Георгиев проговори за песната „Лажљива“, која се смета за еден од неговите најголеми хитови. Со години се шпекулира дека таа песна ја посветил на својата поранешна љубов, пејачката Наташа Беквалац, а Георгиев сега откри дали тоа е вистина.

„Не, вистина е дека не е посветена. Посветена е на една од моите поранешни. Тоа не е Наташа. Песната е напишана пред Наташа и пред да ја снимам нејзината прва песна“, признал Владо Георгиев.

Инаку, Георгиев неодамна се сретна со Наташа Беквалац на еден настан, кога таа му се придружи на сцената и запеа со него.

Се случија искрени прегратки, насмевки и повремени бакнежи во образ, а Владо сега откри како таа средба изгледала во неговите очи.

„Таа беше присутна на настанот каде што настапував, а потоа излезе на сцената, беше многу симпатично. Ме изненади пријатно, тоа беше многу спонтано. Во принцип, сакам спонтани работи. Никогаш не размислувам што ќе кажам, секогаш го кажувам она што ми доаѓа во тој момент. Не смислувам говори, ми се чини дека дури и кога би смислил, дека сето тоа би го заборавил“, изјавил Владо Георгиев за К1.

Да потсетиме, Владо беше продуцент на нејзиниот албум „Ништа лично“ од 2002 година, а се шпекулираше дека соработката во студиото прераснала во емотивна врска.

Наташа во една прилика зборувала за него: „Можеби Георгиев беше луд по мене, но јас не забележав“, рекла Наташа.

 

Слични објави

Азис навреден од режисерите: „На ваков мачо маж му нудат улога на продавач во ресторан за брза храна?!“

Е.А.

Нова естрадна војна: Дадо Полумента одговори на прозивките на Ѓани – „Не беше работата само да извадиш пари од џеб!“

Е.А.

„Се расправавме, тоа беше моја должност“: Весна Змијанац искрено за конфликтот со ќерка ѝ Николија

Е.А.

Официјално се разведоа Јована Пајиќ и Сале Тропико: По пет години и формално ставија крај на бракот

Еспресо

Анабела искрено проговори за Нина и Луна: „Не ги терам ќерките да се мажат!“

Еспресо

(Фото) Северина за роденденот на Петар Грашо избра црн градник и сако: Позираа во одлично расположение

Еспресо
Се вчитува....