7.8 C
Скопје
00:35 - 5 октомври, 2026

(Видео) Викторија Бекам ги излажа фановите дека позира без шминка, а тие ѝ се нафрлија: „Од каде таква храброст да лажеш, што сме ние, овци?“

Навикнати сме познатите личности да ни кажуваат лаги одвреме-навреме, на пример, дека не користат препарати за убавина и третмани, туку дека природно немаат брчки на лицето дури и во педесеттите и шеесеттите години од животот.

Другата крајност е злоупотребата на филтрите за измазнување на кожата како и преголема употреба на фотошоп, па милиони веруваат дека ѕвездите навистина изгледаат како на фотографијата. Кардашијан е главната махерка за тоа. Но не помалку „лажга“ е и Викторија Бекам.

Имено, познатата Пош Спајс објави видео на својот Инстаграм профил „по туширање“ за да им покаже на своите следбеници како да направат препознатливи „смоки ајс“ со нова палета на сенки за очи. Сепак, спорното е што на почетокот на видеото кажа дека нема шминка, туку користи само одредени производи за убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

„Немам шминка на себе, само мојот моќен серум и хидратантна крема за подмладување, така што мојата кожа е подготвена“, рече Викторија.

Сепак, еден поглед на нејзиното видео е доволен за да сфатите дека не само што носи подлога и коректор, туку и се исцртани и веѓите, а луѓето во коментарите беа немилосрдни.

Инстаграм

„Нема шминка, но има 27 филтри, те сакам, но пудрата е и шминка“, „немаш шминка? каква шега“, „Очигледно си нашминкана“, „Тоа си ти без шминка? Навистина?“, „Имаш коректор под очите. Зошто е толку тешко да се биде искрен со другите жени? „Што има лошо во тоа ако ни кажеш дека имаш коректор,“, „Од каде храброст така да лажеш? Што сме ние? Овци?“, се само дел од коментарите на лутите фанови.

„Да кажеш дека немаш шминка е прилично непочитување кон луѓето кои ве следат. Луѓето не се идиоти кои ќе паднат на вашите глупости и нема да видат што има на нивниот екран. Тоа е  токсично однесување. Затоа што, исто како и милиони жени, и јас се туширам и знам како изгледам после туширање и пред шминкање: различно, но сепак убаво. Би требало да се покажеш онаква каква што велиш дека си и да имаш храброст да бидеш автентична. Залажувањето на жените, особено на младите девојки, со погубни лаги („Вака изгледам после туширање и без шминка“) придонесува за одржување на недостижни и угнетувачки модели на вредности од кои ние, жените, мораме да се ослободиме по секоја цена“, напиша една гневна, но многу искрена обожавателка.

Слични објави

Куќата на пејачката од „Ѕвездите на Гранд“ е целосно пропадната, крш насекаде, дворот полн со ѓубре

Еспресо

Ќе се обновува родната куќа на Тома Здравковиќ — нова иницијатива за зачувување на ликот и делото на музичката легенда

Е.А.

„Вјекослава ја познавам од мојата 19-та година“: Данијела Мартиновиќ искрено за мајката на Хана Хуљиќ

Е.А.

Неделен хороскоп од 5 до 11 октомври: Скорпиите ги очекуваат разговори за иднината, Раковите ги мачат морални дилеми

Т.Ц.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ првпат ја покажа дневната соба — вака изгледа вистинската елеганција без нималку кич

Еспресо

„Кој губи има право да се лути“: Карлеуша „згрме“ од Милано, а сега и Зоран со еден потег предизвика лавина од реакции

Еспресо
Се вчитува....