03:06 - 14 ноември, 2026

(Фото) Ова е Магда, кучката која секој ден оди на гробот на газдарицата: Со години го минува истиот пат кој еднаш го мина зад погребниот автомобил

Луѓето забораваат, кучето – не. Магда, уморна и веќе остарена, секој ден се враќа на гробиштата на италијанскиот град Катанзаро за да си „помолчи“ пред плочата на нејзината сакана гоподарка.

фото Инстаграм

Секој ден пристигнува на гробиштата во Катанзаро, се качува по скалите и седнува пред надгробната плоча на својата почината „газдарица“. Останува извесно време без да се помрдне, со тажен поглед вперен во фотографијата со ликот на плочата, а потоа си заминува со бавен од и спуштена глава, за пак да се врати следниот ден.

На оваа глетка, тешко е да се остане непристрасен, недопрен. Жителите на италијанското гратче Кантазаро (регион Калабрија, јужна Италија), во последните неколку години се сведоци на вистинската приказна за кучката Магда, која многу потсетува на приказната за Хачико, куче од расата Акита кое десет години секој ден го чекаше својот починат господар на станицата Шибуја во Јапонија, надевајќи се дека ќе го види како излегува од возот.

„Се вика Магда, пред години првпат влезе на гробиштата во Кантазаро, одеше зад погребната кола на нејзината господарка и оттогаш, никогаш повеќе не замина од тука“, велат Еугенио и Мимо на социјалните мрежи, двајца случајни посетители на гробиштата кои, независно еден од друг, ја овековечија посетата на Магда. Двајцата корисници на Фејсбук ја раскажаа приказната за кучето, веќе не многу младо, кое со години талка по гробиштата, со одредена рутина: влегува, оди кон надгробната плоча на сопственичката, останува таму некое време, и потоа си оди. Трогателна сцена која ќе ги расплаче и најтврдите.

Магда секој ден ја прави истата рутина: влегува на гробиштата, оди кон надгробната плоча на сопственичката, гледа во фотографијата, останува таму некое време, и потоа си оди, за следниот ден пак да се врати. Фото Инстаграм

Приказната на Магда, веќе објавена од различни интернационални медиуми, се најде и во срцата на корисниците на социјалните мрежи. Неколку волонтери од италијанското локално друштво за заштита на животни се грижат за кучката, но никој сè уште не одлучил да ја вдоми. Можеби таа веќе не е многу млада и нејзиното крзно е излитено и извалкано, но тажниот поглед на Магда крие чиста и длабока душа, подготвена за уште толку многу љубов за давање. Веруваме дека наскоро ќе биде згрижена.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо
Се вчитува....