02:27 - 7 ноември, 2026

(Видео) „Вашето писмо од Хогвортс е тука“: Објавен првиот трејлер за новата серија за Хари Потер

Првиот трејлер за серијата Хари Потер е објавен на HBO Max. Истовремено, Ворнер Брос Дискавери официјално го објави почетокот на снимањето.

„Вашето писмо од Хогвортс е тука“, гласи натписот на објавата.

Се дознава дека еден од продуцентите на серијата ќе биде авторот на книгите за Хари Потер, Џ.К. Роулинг: претходно беше објавено дека таа ќе се погрижи серијата да одговара на заплетот на нејзините книги. Актерската екипа пак, ќе биде сосема нова за разлика од познатите глумци во филмот.

„Возбудени сме што ќе им дадеме на гледачите шанса повторно да го откријат Хогвортс. Хари Потер е културен феномен и неговите обожаватели сè уште чекаат што е можно повеќе нови содржини поврзани со светот на волшебниците“, се вели во најавата на серијата.

Фановите на „Хари Потер“ ќе уживаат во седум сезони: секоја ќе биде базирана на една од книгите. „Ворнер Брос. Дикавери“ го опишува новиот проект како „серија долга една деценија“.

Сè уште не е познат точниот датум на објавување.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....