02:34 - 7 ноември, 2026

Ова е ера на некои многу корумпирани мажи: Милица Дабовиќ по скандалот со разголените фотографии

Мислев дека навистина се ‘сум поминала и доживеала во животот, дека направив многу глупави работи и влечев катастрофални потези, со овие зборови се огласи на Инстаграм Милица Дабовиќ, поранешна српска кошаркарка која деновиве доживува вистинска агонија поради нејзиното поранешно момче кое ѝ се одмазди објавувајќи нејзини разголени фотографии.

Како што дознаваат српските медиуми, М.Ј., со кого поранешната кошаркарка претходно била во врска, долго време ѝ се заканувал и барал повторно да биде со него. Меѓутоа, Милица не се согласила на тоа, па М.Ј решил да ѝ се одмазди.

„Мислев дека дебело сум платила за сето тоа и дека некаде сум го исплатила тој долг, тој данок на мојата наивност, мојата силна желба да ги разубавам работите како секоја жена и да се обидам да негувам нешто што одамна овенало. Мислев дека ноќта конечно помина и дека дојдоа нови денови за мене, затоа што после сите лоши работи што ги доживеав, променив се… Но за жал, и понатаму си ги плаќам грешките и тоа секогаш најскапо“, вели Дабовиќ.

Замислете што би се случило, додава познатата спортистка, „кога жените би ги објавиле сите фотографии од машки полови органи кои ги добиле од чиста мира – но со нивното име и презиме! Замислете каква катаклизма би била тоа, скандали, разводи и насилство…“

„Сè уште стојам со крената глава, се борам за моите идеали и давам се што можам. Не велам дека сум невина и не познавам таков човек, туку барам фер-плеј. Ние жените треба да се држиме до себе, ова е ера на некои многу корумпирани мажи, ова е ера на големо насилство врз жените, ова е општество на примитивци, чест на исклучоците. Случајот е пријавен во Обвинителство, се преземаат понатамошни чекори“, објави познатата кошаркарка на социјалните мрежи.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....