16:40 - 2 април, 2026

(Видео) Страшна сцена во живо на водителка на вести: Ѝ се слоши и колабираше поради срцев проблем

Алиса Карлсон Шварц влезе се приклучи на тимот на KCAL на CBS Лос Анџелес за да ги објави вестите за временската прогноза рано оваа сабота, но гледачите беа сведоци на страшна сцена во живо. Страшниот инцидент кој го покажува моментот кога на Алиса ѝ станува многу лошо и колабира беше снимен на камера и виден од огромен број луѓе.

Кога Алиса сакаше да ги започне вестите за временска прогноза во 7 часот наутро и да ги извести жителите на Лос Анџелес и локалните области дека ќе има малку дожд, таа ја доживеа страшната случка. И се онесвести пред камера, а како поледица на срцева болест.

Потпретседателот на CBS Лос Анџелес и директор на вести Мајк Дело Стрито разговараше со медиумот TMZ и даде ажурирање за здравствената состојба на неговата колешка.

„На нашата колешка Алиса Карлсон нагло ѝ се слоши за време на нашите вести во 7 часот наутро. Сакам да им се заблагодарам на нејзините соработници кои презедоа итна акција за да ја утешат и смират Алиса и да се јават на 911. Алиса во моментов се лекува во болница“, рече тој.

„ Се надеваме дека наскоро ќе знаеме повеќе за здравствената сосојба. Во меѓувреме, Алиса ќе биде во нашите мисли и се молиме таа да се чувствува многу подобро наскоро“, заклучи тој.

Подоцна се огласи и Алиса на социјалните мрежи, кратко заблагодарувајќи се за грижата за неа, и ветувајќи дека ќе биде добро.

Според TMZ, Карлсон имала уште една епизода која била слична пред неколку години, во тоа време таа замалку не се срушила на снимање додека известувала за времето, а дијагнозата била дека имала проблем со срцевиот залисток.

Слични објави

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо

Мистерија што сè уште интригира: Пејачката Јелена Марјановиќ беше убиена пред 10 години, убиецот сè уште непознат 

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо
Се вчитува....