16:18 - 4 април, 2026

(Видео) Скандал на концертот на Карди Би: Гневно фрла микрофон кон девојка од публиката

Ова не е прв пат Карди да одлучи да го користи микрофонот за нешто друго освен за пеење.

Раперката Карди Би била снимена како ја гаѓа со микрофон девојката во публика, која претходно кон неа фрлила пиво. Ова се случило на нејзиниот концерт во Лас Вегас, пишува Дејли Мејл.

Карди (30) е снимена од неколку агли како го фрла микрофонот, а снимката брзо се прошири низ социјалните мрежи.

Ова не е прв пат Карди да одлучи да го користи микрофонот за нешто друго освен за пеење, бидејќи вечерта пред овој настап таа се изнервирала во клуб каде настапувала кога диџејот прекинал една нејзина песна, а потоа го фрлила микрофонот кон диџејот.

На видеото од Лас Вегас, Карди додека го пее својот хит од 2018 година, Бодак Јелоу, прво реагира со неверување кога ќе и се истури пиво, а потоа брзо се „собира“ и прецизно и многу луто ја гаѓа со микрофон девојката во публика.

Слични објави

(Фото) Деа Ѓурѓевиќ покажа како изгледа во шестиот месец од бременоста – се појави во емисија во бел фустан

Еспресо

Почнува летната забава во Црна Гора! Пријовиќ ќе заработи 80.000 евра по вечер, а и Аца Лукас и Јаков Јозиновиќ ќе се опарат

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го сруши рекордот на Чола – не запира, најави нови концерти во Белград!

К.С.

Хороскоп за 4 април: Биковите освојуваат од старт, Овните имаат сè

Еспресо

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо
Се вчитува....