3.8 C
Скопје
08:10 - 11 март, 2026

(Видео) Силен земјотрес во Авганистан, најмалку 280 мртви и над 600 повредени (за сега)

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер синоќа го погоди југоисточен Авганистан на границата со Пакистан.

Досега се констатирани најмалку 280 смртни случаи, но бројот најверојатно ќе расте, како и на повредените, кои се, за сега, најмалку 600.

„Ги повикуваме хуманитарните агенции да обезбедат итна помош за жртвите од земјотресот за да се спречи хуманитарна катастрофа“, напиша на Твитер владиниот портпарол Билал Карими.

Земјотресот, според Американскиот геофизички институт (Усгс), е регистриран на 44 километри југозападно од Хост, во близина на границата со Пакистан, јужно од Кабул. Според геолошкиот институт на САД, епицентарот се наоѓал на длабочина од околу 51 километар.

Погодените области се областите Бармала, Зирук, Нака и Гајан во провинцијата Пактика. Сликите споделени на социјалните мрежи покажуваат луѓе на носилки, урнатини и разурнати куќи.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар информира дека земјотресот бил почувствуван во радиус од над 500 километри, не само во Авганистан и Пакистан, туку и во Индија.

Областа на Авганистан долж планините Хинду Куш, каде што индиската тектонска плоча се судира со евроазиската плоча на север, не е нова за најсилните земјотреси.

 

Слични објави

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо

Што се случува во мозокот на оние кои не можат да ја преболат загубата на саканата личност

Еспресо
Се вчитува....