22:50 - 11 јули, 2026

(Фото) Аксл Роуз и Мики Рурк – поранешните згодни момци, денес се франкештајни на пластичните интервенции

Некогаш беа Мики Рурк и Аксл Роуз, две прекрасни момчиња: едното проектирано во неговата актерска кариера, другото во пејачка кариера.

Нивните имиња беа извикувани со љубов и од жените и од мажите ширум светот: убави, неверојатно „откачени“ во рок стил и многу секси, многу талентирани симболи на урбаноста.

Мики Рурк: многу добар актер, кој сите го паметат по улогата на Џон Греј во „Девет и пол недели“, имаше многу проблематичен живот и кариера. По стратосферскиот успех на филмското платно во еден момент тргна по патот на декаденцијата. Се шпекулираше дека актерот е зависник од алкохол и дрога, а многу режисери не ни сакале повеќе да работат со него. Оттаму, тој одлучи да биде боксер: и тоа не беше ни лошо, но никогаш не успеа да стане вистински професионалец. Резултатот од неговиот обид да направи од себе „девојка од милион долари“? Скршен нос, скршени заби, испукани ребра, исечен јазик и компресија на јаболчниците. Потоа реши да направи бројни естетски операции, едната попогрешна од другата, кои целосно го трансформирааа. И бидејќи да се греши е човечко, но да се истрае е ѓаволски, тој продолжи да биде зависен од скалпелот, станувајќи многу поразличен од она што беше некогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MICKEY ROURKE (@mickey_rourke_)

Аксл Роуз, роден 1962. Сите го паметиме како ја пееше „Welcome to the Jungle“. Никој не би го препознал денес. На селфито објавено со Мики Рурк, неговите карактеристики се многу различни: само ознаката нè натера да разбереме дека тој е фронтмен на Guns N ‘Roses.

Аксл Роуз никогаш не рекол дека направил естетска операција, ама фактите зборуваат друго. Како и непрепознатливиот изглед. Во секој случај, веќе десет години нема издадено албуми и се чини дека повеќе сака порелаксиран живот отколку микрофонот.

Сепак, конечно се појави на сцена неодамна во Калифорнија во друштво на пејачката Кери Андервуд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guns N’ Roses (@gunsnroses)

Сепак, да се посетиме каков беше Аксл некогаш.

Вака изгледаше Аксл некогаш.

А вака изгледа денес, фото инстаграм

А дека стареењето, сепак, не е лоша работа – ни покажува и ден дене неповторливиот Џорџ Клуни.

Слични објави

Алка Вујица сподели фотографија од нејзиниот базен и со духовит коментар ги насмеа фановите

Т.Ц.

Драгана Катиќ се огласи од козметички салон и откри како го одржува младешкиот изглед

Т.Ц.

Се сеќавате на Дин од Евровизија? Сега е во љубов со Американец и вели дека е „темел на неговиот живот“

Еспресо

(Фото) Оливера Балашевиќ во дрес на Аргентина го следеше Светското првенство со внукот во раце: „Фудбал и ние двајца“

Еспресо

Барате сандали што го дефинираат летниот стил? Новата понуда ве очекува во „Chantel“ во ГТЦ

Еспресо

(Фото) Лепа Брена ужива во луксузен одмор, а нејзиниот изглед повторно привлече внимание

Еспресо
Се вчитува....