8.8 C
Скопје
12:28 - 1 април, 2026

(Фото) Шанен Доерти најде сила да сподели нова трагедија: Ракот ѝ се проширил на мозокот, „мојот страв е очигледен“

Глумицата Шанен Доерти донесе храбра одлука да сподели интимно ажурирање за нејзината битка со ракот. Актерката откри дека имала рак на дојка во четврта фаза пред околу две години, во февруари 2020 година, и оттогаш нејзиното патување е долго и напорно.

Во понеделникот, актерката објави видео на својот Инстаграм профил на кој го прави првиот круг на терапија со зрачење, откако КТ скенирањето во јануари откри дека ракот трагично се проширил на нејзиниот мозок.

„На 5-ти јануари, моето цт скенирање покажа канцер клетки во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на поставување на маската што ја носите за време на зрачењето на вашиот мозок. На 12 јануари се случи првиот круг на зрачење. Мојот страв е очигледен “, напиша таа на објавата, која даде увид во нејзината длабока борба со болеста и нејзиното лекување.

„Јас сум исклучително клаустрофобична и многу работи се случија во мојот живот. Среќна сум бидејќи имам одлични доктори како д-р Амин Мирахди и неверојатните техничари во Кедар Синаи. Но, тој страв… Неизвесноста… тајмингот на сето тоа… Еве како може да изгледа ракот“, објасни Доерти.

Доерти е отворена за нејзината битка со болеста и тешката битка со која се соочува. Вчера таа го сподели видеото од нејзиниот КТ скен и отворено и храбро им откри на своите бројни следбеници дека ракот се проширил на нејзиниот мозок.

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....