06:53 - 7 ноември, 2026

(Видео) Се огласи Ѓорѓе Давид со молба со медиумите и фановите: „Секој наслов ми прави проблем и предизвикува омраза кај луѓето“

Сообраќајната несреќа од која беше дел и познатиот рокер Ѓорѓе Давид, член на жирито на Ѕвездите на Гранд, и понатаму останува актуелна за регионот, особено што Давид се уште не ја напуштил Македонија, иако во петокот најави прес конференција за српските медиуми предвидена да се случи во Р Спрбија.

Сега музичарот се огласи на својот Инстаграм профил, потврдувајќи дека се уште е во Македонија, но нагласи дека проблем му создаваат вестите што се појавуваат, а кои не се релевантни.

„Имајте малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам, не објавувајте наслови кои немаат врска со вистината. Не ги добив документите и не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Секој наслов ми прави проблем и предизвикува омраза кај луѓето во ОЈО кон мене затоа што мислат дека јас ги давам тие информации. Кога ќе ги земам документите и ќе ја поминам границата, прв ќе соопштам“, рече Ѓорѓе Давид преку видео порака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Republika (@republika.rs)

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....