6.9 C
Скопје
04:30 - 1 април, 2026

(Видео) Саша Поповиќ извади топломер во емисија: Македонецот Јасмин Алиевски со 38 температура „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“

Младиот пејач Јасмин Алиевски уште еднаш брилијираше во саботата на музичкото натпреарување „Ѕвездите на Гранд“ и со сите освоени бодови од жирикомисијата, се пласираше во следниот круг.

Јасмин дополнително доби пофалби, бидејќи на сцената маестрално ги изведе двете песни и тоа во доста лоша здраствена состојба.

Алиевски имаше температура од 38 степени.

Тоа го потврди и Саша Поповиќ кога на Јасмин му даде топломер и на сцена ја измери температурата. По пет минути откако нашиот пејач го стави топломерот за мерење, живата покажуваше 37,8 степени…

Пофалните зборови и без тоа се редеа на сметка на Алиевски за неговиот настап, а пак Саша кажа дека ова е најдобриот кандидат досега од Македонија…

„Сјајни се и двата кандидати, бевте одлични“ – беше коментарот на Цеца, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.

„Убедливо најдобри вечерва“ – искоментира Снежана Ѓуришиќ.

„Толку беа сугестивни, убедливи, беа предобри“ – кажа и Поповиќ.

Погледнете го настапот на Јасмин:

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....