01:35 - 2 април, 2026

(ВИДЕО) САРА ЈО иста како Лепа Брена 30 години подоцна! САДО -МАЗО КОСТИМИ ВО ИНТРИГАНТНИОТ СПОТ

Сара Јо објави ексцентричен спот за песната „Дивља“, кој ја потсети постарата генерација на легендарниот спот на Лепа Брена за песната „Робиња“, објавен пред триесет и три години.

Новиот спот на поп пејачката Сара Јо не остана незабележан, најмногу поради неколкуте атрактивни садо-мазо костими во кои се појави на спотот, но и поради интригантните сцени во кои е облеана во крв.

Во неколку сцени можеме да видиме млада пејачка врзана со синџири, што некои од постарите ги потсети на спотот на легендарната Брена за песната „Робиња“, објавен во 1989 година, во кој таа е слично врзана со синџири.

Спотот за песната „Дивља“ го режирала словенечката режисерка Кукла, а како „специјална гостинка“ во спотот настапува актерската и танцувачка легенда, балерината Соња Вукиќевиќ. Костимите и стајлингот за видеото ги потпишува наградуваната и светски позната дизајнерка Миа Митановски.

Иако има два слични кадри во кои Јо е како Брена, спотот и музиката се сосема различни и го претставуваат сосема новиот дух на времето, пренесува нова.рс.

Во продолжение, погледнете го спотот за „Дивља“.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....