20.8 C
Скопје
16:22 - 12 март, 2026

(Видео) Ролинг Стоунс имаат нов моќен сингл и нов албум: „Неверојатни се!“

Неуништливите Стоунси – Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд во живо преку каналот Јутјуб преку разговор со американскиот комичар и ТВ водител Џими Фалон го пртставија нивниот долгоочекуван албум, прв со авторски материјал од 2015 година и прв во кариерата без покојниот тапанар Чарли Вотс.

Албумот наречен „Hackney Diamonds“ ќе излезе на 20 октомври, содржи 12 песни, а инаку снимиле вкупно 23, како што изјави Џегер. Снимен е на многу локации, во Лос Анџелес, во лондонското студио Метрополис, на Бахамите, каде што го снимија својот албум „Emotional Rescue“ одамна, во 1979 година, но и во легендарните њујоршки студија Electric Lady и Hit Factory.

Меѓу другите досега непознати информации открија дека на една песна „Sweet Sounds of Heaven“  пее Лејди Гага, а песната „Tell Me straight“ – Кит Ричардс.

По презентацијата, конечно може да слушнете како звучат Мик Џегер и Кит Ричардс на 80 годишна возраст. Многу, многу моќно.

Официјалното видео на песната за 15 часа собра 4 милиони прегледи, а фановите се воодушевени.

„Не можам да поверувам дека овие момци имаат 80 години и сè уште напорно се занимаваат со музика, и продуцираат хит песни и албуми! Навистина легендарни и неверојатни!“, гласи еден од бројните коментари оставени под видеото.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Александра Радовиќ собира средства за обнова на манастир од 15 век

Е.А.

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Ѓани итно хоспитализиран! Српскиот фолкер е примен на ВМА, соопшто неговата сопруга

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Еспресо

(Фото) Романтично на изгрејсонце: Ване Маркоски покажа во каков поглед ужива од дома

msp-admin
Се вчитува....