9.8 C
Скопје
12:41 - 1 април, 2026

(Видео) Ријана спектакуларна на Супер Боул и откри дека е бремена: Веста ја потврди и нејзиниот претставник

Ријана настапи на шоуто на полувремето на Супер Боул (Super Bowl LVII), и таа е бремена, потврди нејзиниот претставник веднаш после експлозивниот настап.

Гестовите на Ријана на сцената, осбено триењето на стомакот и ограничената подвижност додека танцуваше, ги подгреаа шпекулациите дека пејачката од Барбадос навистина чека дете девет месеци по првото породување.

Пејачката и нејзината придружба не ја потврдија информацијата пред шоуто, што ги натера луѓето да веруваат дека таа го искористила долгоочекуваното враќање за да ја објави веста. Но Ријана очигледно едноставно не сакаше тоа да биде тема на разговор во неделите пред големиот настап.

Но потоа следуваше големото откритие.

Целиот спектакл, кој патем е најгледаниот спортски настан во Америка, помина со голем стил, а пејачката беше сама на сцената и откри дека е бремена по втор пат.

Таа отпеа 11 песни за помалку од 14 минути колку што траеше настапот и ги изведе своите најголеми хитови. Шоуто започна со „Where Have You Been“, па потоа ги испеа некои од најголемите хитови „We Found Love“, „Umbrella“, „Rude Boy“, а настапот го заврши со „Diamonds“.

34-годишната пејачка моментално има 9-месечен син со раперот A$AP Rocky. Се верува дека новото дете ќе биде второ заедничко за парот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Piers Morgan (@piersmorgan)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aurora (@rihsmybih)

Слични објави

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо
Се вчитува....