29.8 C
Скопје
21:16 - 1 септември, 2026

(Видео) „Продолжи да се смееш и да сонуваш“: Слаткаристика со многу љубов за синот Моша

Марко Маринковиќ -Слаткаристика и неговата сопруга, моделот и експерт за маркетинг Сања Николиќ, споделија емотивен момент на социјалните мрежи.

По повод завршувањето на градинката на нивниот син Моша, познатиот македонски хип-хоп музичар сподели видео емотивна честитка до својот „мини матурант“.

Покрај видеото од училишната приредба, гордиот татко испрати порака полна со љубов и поддршка: „Честитки, мини матуранту! Продолжи да учиш, да се смееш и да сонуваш… Те сакаме“.


На видеото се гледа дека крушата под круша паѓа, па малиот Моша заедно со другарка му е водител на приредбата. Тој се роди на 15 април во во 2020 година во време на пандемијата и Слаткар тогаш изјави дека мекици ќе слави сам. Неколку години подоцна, тој му ја посвети песната „Насмевка“.

Во едно интервју за „Слободен печат“, Слаткар откри која е неговата животна мисија.

„Секој има различен пат и различна мисија и затоа мислам дека не треба да постои трка со другите, туку трка со себе. Не е секогаш добро за тебе тоа што е добро за мене и обратно.

Покрај тоа што сум артист, јас сум и продуцент, имам мои артисти и пејачи за кои верувам дека се или можат да бидат подобри од мене, а тоа би било невозможно доколку сум тип на човек што се натпреварува.

Луѓето во мојава работа што се натпреварувале се музички „мртви“ токму поради тоа што повеќе мислеле на другите отколку што мислеле на себе.

Јас се одржувам со тоа што работам и вадам многу нова музика, не се летам и опседнат сум со мојата работа“, изјави Слаткаристика.

Инаку, по повод претстојниот голем солистички концерт на Марко Маринковиќ – Слаткаристика, кој ќе се одржи на 2-ри август (Илинден) во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“, вчера се одржа голема и исклучително динамична прес-конференција. На иста маса се собраа предводниците на домашната поп-рап сцена.

Слични објави

(Фото) Ова е Хрватката која е во љубов со Игор Којиќ: Била на избор за мис, па влегла во политика…

Еспресо

(Фото) Сека Алексиќ го запиша синот во државно училиште: На приемот за првачињата се расплака!

Еспресо

(Фото) Нови ранци, насмевки и возбуда: И дел од македонските јавни личности ги испратија своите најмили на училиште

Еспресо

Во мозокот ѝ бил вграден стент, а сопругот ја изневерил! Српската водителка дознала за аферата во најтешкиот период од животот

Еспресо

Манастирот „Св. Никита“: Седум века историја, прочуени зографи и камен за кој се верува дека исполнува желби

Т.Ц.

(Фото+видео) Концертот на Северина во Карловац доживеа пех, а еве како се снашле

Еспресо
Се вчитува....