3.8 C
Скопје
19:05 - 18 декември, 2024

(Видео) Отишла на операција на смалување на желудник, сега цел живот ќе живее како билка : Ѝ го пресекле хранопроводникот, мора да се храни засекогаш на цевка!

Луиз Бредли (33) направи операција на гастричен бајпас во Турција за да ослабне. Таа го променила својот живот, но и го ставила во опасност своето здравје. Сега на својот профил на ТикТок, таа ги предупредува луѓето да бидат внимателни и свесни колку тоа всушност може да биде опасно.

Луиз била пресреќна кога една клиника на брегот на Егејското Море и ја понудила процедурата за намалување на желудникот што ја сакала, бидејќи четири години била на листа на чекање во болницата NHS. Оваа жена развила артритис поради прекумерна тежина и сметала дека операцијата за бајпас на желудникот е најдобрата опција иако знаела дека компликациите по операцијата на гастричен бајпас се вообичаени и можни.

За 2.000 фунти, наместо да и отстранат 75 отсто од желудникот, таа вели дека отстраниле дури 92 отсто. Завршила на интензивна нега кога се вратила дома во Манчестер и до крајот на животот ќе пие и јаде преку сонда.

@gastric.sleeve.survivor

my NJ is out for a whole 24 hours so happy

♬ original sound – Louise.B.NW

Таа зборуваше за Манчестер Ивнинг Њуз за своето искуство откако 38-годишната Лине Мишел Лири починала по операција на желудникот во Турција.

На 27 мај минатата година Луиз тврди дека хирургот ѝ рекол дека операцијата била успешна и ѝ дал знак дека може да лета следниот ден.

– Не бев добро, но докторот ми рече дека е сосема нормално и дека се ќе биде подобро додека да се вратам дома – рекла Луиз.

На летот за дома таа се онесвестила и ја пречекала брза помош на аеродромот во Манчестер, па била итно пренесена на интензивна нега.

„Бев префрлена во одделението за контрола на телесна тежина во кралската болница Салфорд и ми рекоа дека сум четвртиот човек што го виделе таа недела што се вратил од операција во Турција“, рече таа.

@gastric.sleeve.survivor

#gastricsleeve #gastricsleevecommunity #gstricsleevegonewrong

♬ original sound – Louise.B.NW

Во болницата запознала жена која исто така имала операција на желудникот во Турција и вели дека буквално било како во касапница.

Луиз тврди дека со скенирање во кралската болница во Салфорд било утврдено дека 92 отсто од нејзиниот желудник бил отстранет. Турскиот медицински тим ѝ го пресекле хранопроводот, рече таа, што значи дека мускулите повеќе не работат и дека не може да голта. Не може ни капка вода да голтне и единствена опција ѝ е да се храни преку цевче до крајот на животот.

@gastric.sleeve.survivor

#gastricsleeve #gastricsleevecommunity

♬ original sound – Louise.B.NW

Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство издаде предупредување, бидејќи се знае дека најмалку 24 британски државјани починале во Турција од јануари 2019 година по медицински процедури. Форин офис издаде соопштение: „Индустријата за естетска хирургија, медицински и стоматолошки туризам е речиси целосно нерегулирана и тоа има потенцијални ризици за оние кои патуваат од Обединетото кралство“.

Слични објави

(Видео) Цеца откри какви ѝ се плановите за Нова година, а нејзиниот коментар ги насмеа сите

Еспресо

(Видео) Светлечки ирваси и „ледена“ завеса: Домот на Карлеуша секогаш е еден од најубаво украсените

Еспресо

Интервју со проф. д-р Гордана Адамова, експерт по перинатологија: Вештачката интелигенција е од помош, но експертот го има последниот збор

Еспресо

„Таа сега е со штрафови во нозете“: Жељко Јоксимовиќ откри детали за состојбата на Лепа Брена по несреќата на концертот

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во шок! До телефонот ставиja детектор за зрачење и предупредија на голема опасност

Еспресо

(Фото+видео) Луксуз на дело: Цеца Ражнатовиќ дојде со торба од 30.000 евра на прославата на Жељко Јоксимовиќ

Еспресо
Се вчитува....