7.8 C
Скопје
22:05 - 16 март, 2026

(ВИДЕО) ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕРОТ НА ТВ СЕРИЈАТА „ПАМ И ТОМИ“: Фокусот е на секс скандалот на секс-бомбата Памела Андресон

Објавен е трејлерот од ТВ серијата која раскажува за скандалот со секс снимката на Памела Андерсон и Томи Ли (тапанарот на Motley Crue), која во 90-тите го окупираше вниманието на медиумите.

Телевизиската серија „Pam & Tommy“ ќе биде емитувана следната година, во февруари, на американската платформа Hulu.

Сценариото напишано од Робер Сигел, ја следи бурната и скандалозна љубовна приказна меѓу поранешната чуварка на плажата, односно спасувачка, од Baywatch, Памела Андресон и тапанарот на групата Motley Crue, Томи Ли, со особен фокус на секс скандалот и последиците што следеа по кражбата на познатиот „жежок“ VHS, продадено и најпосле – објавено на Интернет порно портал.

Сценариото го вклучува и апсењето на Томи Ли, под обвинение за семејно насилство, кое ќе го одведе тапанарот во затвор, и по него – разводот меѓу двете ѕвезди во 1998 година.

Во трејлерот можете да го видите и моментот во кој спорната видео снимка е украдена од домот на сопружниците од страна на електричар, со намера да ја продаде, обелодени и секако, да заработи од тоа.

Во „Pam & Tommy“ Памела Андерсон ја глуми Лили Џејмс, додека Томи Ли е одглумен од Себастијан Стен.

Погледнете го трејлерот. 

Слични објави

Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак

Еспресо

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо

Работи зад кулисите и има моќни сојузници: Која е „ледената дама“ Сузи Вајлс, за која Трамп денеска објави дека има рак?

Еспресо

„Кожата ми се менува секој ден“: Едита Арадиновиќ искрено за бременоста

E.A.
Се вчитува....