4.8 C
Скопје
22:17 - 11 март, 2026

(Видео) Никола Којо откри важен дел од новата „Жикина династија“

Никола Којо отки важен дел од снимањето на филмот „Враќање на династијата на Жика“, каде што тој, исто како и во хит- серијата и филовите од 1980-тите, „Жикина династија“ го глуми Миша Павловиќ.

Правнуците на легендарните ликови. Жика Павловиќ и Милан Тодоровиќ ќе бидат во фокусот на новиот филм, кои се викаат по нивните покојни прадедовци. Тие се синови на Миша (Никола Којо) и на Наташа (Гала Виденовиќ). Новиот Жика го игра Никола Брун, а Милан го игра Гаврило Иванковиќ. Во една од главните улоги е манекенката и водителка Данијела Димитровска.

Марија, како и во претходните филмови, требаше да ја игра Риалда Кадриќ, која ненадејно почина пред снимањето на серијата која беше планирана за јануари 2021, па овој лик не се појавува во филмот. Владимир Петровиќ се враќа како Слободан Боба Павловиќ, а ќе се појави и Весна Чипчиќ во улогата на Фрау Елса.

Никола Којо на Инстаграм профилот објави дел од сцените во филмот. Малиот Миша во „Жикина династија“ учеше да свири класична музика на виолина, а сега е кафеански свирач.

-Зошто најмногу се забавуваме во кафана со тажни песни? Затоа што во нив ја препознаваме вистинската љубов. Таа може магично да исчезне, како чорапа во машина за перење, но и се појавува од никаде.

А потоа се враќа посилна и поподготвена да го победи злото, дури и ова големо, какво што ни се случи“, напишал Никола Којо во описот на видеото во кое ја пее песната „Стани туго“. Тој ги напишал музиката и текстот за оваа песна, а аранжманот: Урош Марковиќ.

Инаку, режисер на филмот кој наскоро ќе игра во кината е Милан Коњевиќ, а сценарист е Милена Марковиќ. Видеото можете да го погледнете ОВДЕ. 

Никола Којо во „Враќањето на династијата на Жика“ Фото/ Инстаграм

 

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....