16:11 - 31 јануари, 2026

(Видео) Моника Белучи се врати со нов филм: „Не сум млада, убаво е да ги гледам моите ќерки како летаат“

Додека Моника Белучи се подготвува да се врати во кината со новиот филм „Дијаболик“, кој веќе од следната недела ќе биде во светските кинослаи, нејзината ќерка Дева Касел ги освојува меѓународните модни писти, успешно пливајќи во светот на гламурот, токму по стапките на нејзината мајка. Во едно неодамнешно интервју, Белучи зборуваше за растењето на ќерките.

„Се чувствувам добро како жена, јас сум среќна мајка, ако децата се добро, вие сте среќни. Мило ми е што имам женски деца и бидејќи сум жена која ги сака и поддржува жените, имам убава врска со нив“, изјави Моника Белучи.

Таа додава дека нејзините ќерки „ја сакаат Италија, се враќаме што е можно поскоро, имам големо семејство таму, со моите родители, братучеди, чичковци…“, продолжи актерката.

„Многу ја сакам мојата работа, страста е најважна работа, таа ти дава сила да живееш, те тера да ставиш љубов во она што го работиш. Сега воопшто не сум млада и ми е убаво да ги гледам моите деца како летаат. Обврските за модата за Дева се појавија случајно за време на една од моите фотосесии и тоа е работа што ѝ се допаѓа. Сега таа дебитираше и на филмското платно “.

Дева Касел всушност ќе биде во екипата на „Убаво лето“ (La bella estate), филм базиран на романот на Чезаре Павезе и во режија на Лаура Лучети.

„Дева и Леони, кои ги родив на 39 односно на 45 години и чие раѓање беше најубавиот момент во мојот живот, дојдоа како прекрасен подарок, и двете имаат љубов кон она што е уметничко, имаат многу силен уметнички сензибилитет и ова ми се допаѓа. многу“, заклучи Белучи.

Слични објави

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо
Се вчитува....