14:19 - 3 април, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром: „Не е тој поинаков, ние сме“

Пејачката Марија Шерифовиќ сподели еден од најемотивните моменти од својот концерт во Сава Центар во Белград. Таа на сцената запеа заедно со младиот Бакир, момче кое има Даунов синдром, истакнувајќи дека тоа за неа било огромна чест.

„Мојот Бакир. Постојат луѓе кои доаѓаат на овој свет за да нè потсетат што значи љубов. Онаа најчистата. Без страв. Без пресметки. Без маски. Бакир е еден од нив. Кога излезе на сцената и кога прегрнати почнавме да пееме, имав чувство како сè да застана – бучавата, светлата, илјадниците луѓе“, напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Пејачката додаде дека во тој момент останале само две срца и љубов што не може да се научи, туку едноставно се носи во себе.

„Гледав во очи кои се смеат на начин на кој ние, ‘нормалните’, одамна не умееме. Тогаш сфатив една голема вистина – не е тој поинаков. Ние сме. Ние сме тие што заборавиле како се сака без задршка, без срам и без страв. Бакир мој… ако постои момент од овие три концертни вечери што засекогаш ќе го чувам во срцето, тогаш тоа е овој. Кога и да посакаш, оваа сцена е и твоја“, порача таа.

По објавата, Марија Шерифовиќ доби бројни пофалби на социјалните мрежи. Многумина коментираа дека ваквите моменти потсетуваат колку искрената љубов и човечност сè уште постојат.

Слични објави

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо
Се вчитува....