2.8 C
Скопје
01:56 - 13 март, 2026

(ВИДЕО) МАКЕДОНСКИОТ ПОЗНАТ ЈУТЈУБЕР МАРКО ЏИПИ СЕ ЗБОГУВА СО ФАНОВИТЕ: „Не сакам веќе ни трошка слава, смачено ми е од слава…“

Марко Марковиќ (23) познат како „GP“ – Џипи е дел од генерацијата која многу од своето време го посветува на „Youtube“. Имено тој е и „јутјубер“ и како таков, еден од најуспешните и најпопуларните македонски „интернет занаетчии“.

Џипи скоро деценија споделува видеа со забавна содржина, чии теми варираат од храна, видео-игри, секојдневие… и впечатоци за инстите. Тој има скоро 260 илјади претплатници на неговиот јутјуб канал, но и покрај големиот успех Марко најави ново поглавје во животот на начин на кој знае како со видео.

Во видеото насловено „Збогум“, тој објасни зошто се збогува со оваа кариера. Првата причина е затоа што сака да се посвети на работата како програмер и на професијата за која напорно учел и се образувал во изминатите години, втората е лошата средина која е „Јутјуб“ и третата

„Немам повеќе време за YouTube и за програмирање. Физички веќе не е возможно да сум квалитетен и на двете места, а немам намера да се откажам од факултетот. Не заработувам премногу од YouTube за да се откажам од професијата“ – вели тој.

„Благодарение на Јутјуб, цело време се спојувам со погрешни личности. Мислам дека не запознав ниту еден асален човек преку Јутјуб. Кај 99 отсто од луѓето коишто се во овој бизнис има многу лицемерие, многу зборување позади грб, многу љубомора, многу алчност за пари“, вели Марко.

Не сакам веќе ништо со јавна личност, не сакам веќе ни трошка слава. Смачено ми е од слава…

„Нека биде моево откажување од YouTube една поука и тоа не само за јавните личности, туку и за обичните луѓе: пробајте да вратите некои од старите морални вредности, тоа што нè прави луѓе, пробајте вистински да сакате, да не пробувате сите да ве видат и со секого да комуницирате, пробајте да верувате и да не лажете и пробајте да имате убави морални вредности“

Марко важеше за идол на генерација и неговите следбеници, со тага го прифатија збогувањето, но видеото беше пречекано со многу емпатија.

Слични објави

Фаталната Славонка со жешките фотографии откри дека нешто се крчка

Еспресо

Што ги очекува хороскопските знаци на поле на љубовта во втората половина на март

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ не се одвојува од синовите во Русија, покажа како го поминуваат времето

Еспресо

(Фото) „Засекогаш ќе бидеш во моето срце“: Дарко Лазиќ со емотивна објава се збогува со својот брат Драган

Еспресо

(Видео) „Ќе биде куку леле ако проговорам за Лепа Брена“: Зорица Марковиќ со жестоки тврдења

Е.А.

За поранешната девојка на Лука Дончиќ пишува цел свет: Која е Анамарија Голтес?

Еспресо
Се вчитува....