17.8 C
Скопје
20:17 - 9 октомври, 2026

(Видео) Кога Јелена Карлеуша снима спот, ништо не остава на случајност: „Многу тешка кореографија, а таа растури“

Поп-пејачката Јелена Карлеуша го објави својот албум „Омега“, само неколку дена откако ја шокираше јавноста со долгоочекуваниот единаесетти студиски албум „Алфа“. Два слични, но жанровски сосема различни албуми, со кои Јелена уште еднаш докажа како се води музичката индустрија и како опстојува речиси три децении на поп ѕвезденото небо.

Покрај аудио продукцијата, која е на завидно ниво, има и визуелна продукција, која исто така е многу впечатлива и квалитетна.

На социјалната мрежа Инстаграм, на една од фан страниците, се појави видео на кое се гледа како изгледа кога Карлеуша снима спот – во случајов за нумерата „Karlyb*tch“.

принтскрин

Јелена е горда на двата нејзини проекти, во кои вложи многу време, пари и труд. Сега русокосата пејачка покажа како сето тоа изгледало зад камерите.

Таа на своите следбеници им презентираше детали од снимањето на спотот за песната „Карли Бич“, додека изведуваше захтевна кореографија.

„Кралица“, „И понатаму танцува најдобро“, „Многу тешка кореографија, а она растури“, „предобро изгледа“…- се само дел од коментарите на Твитер по објавувањето на снимката од зад сцената.

Слични објави

Ника Тошиќ уживаше во друштво на татко ѝ Душко, Јелена Карлеуша веднаш ја „искритикува“

E.A.

Ѓоле Ѓогани разочаран поради односот на Лепа Брена

E.A.

Саша Ковачевиќ ги одложи концертите по операцијата: Организаторите ги открија деталите

Еспресо

(Фото) Вељко Ражнатовиќ покажа што сè чува на својот имот: Фарма полна со животни и приватен хиподром

Еспресо

Весна Змијанац и Николја уживаат во Милано: Пејачката се фотографираше без шминка

Еспресо

Скандал и нови правила на „Мис Бугарија“: Забранети се силиконите и естетските корекции, фокусот е ставен на образованието

E.A.
Се вчитува....