13:29 - 2 април, 2026

(Видео) Кејт Мидлтон и Роџер Федерер играат тенис: Принцезата од Велс го покажа скриениот талент како вистински професионалец

Принцезата од Велс Кетрин е главна ѕвезда во видеото снимено пред турнирот во Вимблдон, кое има за цел да ја истакне важноста на работата на момчињата и девојките кои им ги сервираат топките на тенисерите.

Во видеото, сопругата на принцот Вилијам облечена во тениски костим на Вимблдон игра со тенисерот Роџер Федерер, кој осум пати го освојуваше турнирот.

Принцезата токму од Федерер добила и голем број совети за играње тенис, како нејзин личен „тренер“.

Инаку, самиот Федерер ја започнал својата кариера на теренот како момче кое собира односно им сервира топки на тенисерите.

Кејт Мидлтон е облечена во поло маичка без ракави „Core Performance“ од 52 фунти дизајнирана од рециклирани ПЕТ шишиња, тенис-здолниште од Стела Макартни за „Адидас“ од 50 фунти и тениски патики Jet Mach со лого на турнирот Вимблдон, од 135 фунти.

Кејт Мидлтон се сретна на теренот со Роџер Федерер уште во 2017 година кога му го предаде победничкиот пехар на Вимблдон.

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....