13:33 - 7 април, 2026

(Видео) Каролина искрено раскажа за разликата во години со Михаил, и каква животна одлука донела

Познатиот српски модел, дизајнер и водител Бошко Јаковљеиќ има свое шоу на белградската телевизија „К1“ наречено „Спика и прилика“, а во една од поновите емисии заедно со црногорскиот пејач Бојан Маровиќ, му гостуваше нашата Каролина Гочева.

Каролина таму искрено раскажа за својата љубовна приказна со уметникот Михаил Корубин, со кого е во брак од 2017. Каролина беше доста искрена и духовите во одговорите. Едно од прашањата на Јаковљевиќ беше дали ѝ пречи што сопругот е помлад од неа

-Во Холивуд се сите со помлади мажи. Тоа е тој светски тренд, а јас сакам да ги следам трендовите. Не, се шегувам. Едноставно, ќе се споиш со некоја личност, особено како возрасни луѓе. А, ние веќе бевме во триесеттите кога се запознавме.

Така што јас никогаш не почувствував дека меѓу нас е било каква разлика во години. Од првиот ден баш некако се спиовме. И еве, до ден-денес можам да кажам дека не сум ја почувствувала таа разлика во години.

Така што ми е драго дека ја донесов таа одлука во триесеттите, дека нема да ме фаќа паника и дека ќе влезам во брак тогаш кога навистина ќе почувствувам дека сакам да го поминам својотживот со некоја личност“, рече Каролина со насмевка.

Потоа, ја прашаа дали мајката на нејзиниот сопруг Лиле Корубин, која е угледна модна дизајнерка ѝ го дизајнирала венчалниот фустан, а таа одговори: „Не, веќе не се занимаваше со мода во тој период.“. Видеото можете да го погледнете ТУКА. 

Фото/ „К1“ ТВ- Фејсбук принтскрин

Слични објави

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.
Се вчитува....