08:58 - 13 ноември, 2026

(Видео) Карлеуша уловена како се бакнува со 25 години помладиот Александар!

Пејачката Јелена Карлеуша повторно е во центарот на вниманието, а медиумите снимија момент кој ќе се прераскажува, тајна камера ги снимила поп-дивата и Александар Шево додека се бакнуваат.

Ова е првпат да ја видиме Карлеуша во интимен чин со младиот Александар, па со ова веројатно ги потврдија медиумските шпекулации дека се во врска!

Неодамна одржаната промоција на новиот албум на Сека Алексиќ собрала голем број познати српски музичари, а меѓу нив беше и Јелена Карлеуша, која на промоцијата дошла облечена од глава до пети во парчиња од познатата модна куќа „Гучи“. Откако позирала за фотографите, Карлеуша одлучила официјално да го покаже своето ново момче, за кое се шпекулираше веќе некое време, а камерите на српски „Телеграф“ ексклузивно ги фатија Јелена и Александар.


Станува збор за 23-годишниот манекен Александар Шево, син на српскиот претприемач Милан Шево кој во Шведска се занимава со угостителство и е сопственик на елитен ресторан во Белград.

– Милан е сериозна градска фаца. Тој е сопственик на елитен белградски ресторан, како и на просторот што го изнајмува. Во деловниот свет, тој е многу ценет во нашиот град. Момчето го повлече тој шарм од татко му. Сака да биде опкружен со убави дами. Го сака јавниот живот. Милан не се експонира иако е влијателен и моќен – рекол извор за српски „Курир“.

Пред да станат пар, Јелена и Александар соработуваа и на деловен план, па токму манекенот беше главниот протагонист во нејзиниот музички спот за песната „Balkan Boy“, а за нивната романса почна да се пишува откако беа фатени заедно во Милано и во Црна Гора.

 

 

 

 

 

Слични објави

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

(Фото) За ваква „бомба“ вреди да се даде илјадници евра: Сопругата на Пеѓа Јовановиќ доби подарок за кој многу жени сонуваат

Еспресо

„Покрај сопругата имам и љубовница“: Миле Китиќ јавно призна дека ја изневерува сопругата Марта Савиќ

Еспресо

(Фото) На синот на Вељко Ражнатовиќ во градинка му облекле здолниште – боксерот бесен реагираше: „Нема спас ни во малите места“

Еспресо

(Фото) „Ти недостасува внимание, мајсторе?“: Мина Костиќ жестоко му одговори на Ѓорѓе Давид откако тој го нарече Каспер дух!

Еспресо
Се вчитува....