20.8 C
Скопје
16:01 - 22 октомври, 2026

(Фото) Даниел Кајмакоски го прослави 43-тиот роденден со семејството — сопругата Марина го опсипа со бакнежи

Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски го прослави својот 43-ти роденден во друштво на најблиските. Заедно со сопругата Марина и нивните две деца, Емилија и Стефан, тој го одбележа својот посебен ден во семејна атмосфера.

На фотографиите споделени на социјалните мрежи, четиричленото семејство позира покрај роденденската торта, а насмевките на нивните лица сведочат за убавото расположение.

Особено внимание привлекоа фотографиите на кои Марина нежно го бакнува својот сопруг, покажувајќи ја љубовта што ги поврзува.

Пред роденденската прослава, Марина му посвети и романтична честитка на Даниел, придружена со нивна заедничка фотографија.

„Мој избор. Мој мир. Моја љубов. Мој дом. И после сè, пак ти. Секогаш ти.

Среќен роденден на човекот со кој повторно би го проживеала секој заеднички момент. Те сакам“, напиша таа.

Слични објави

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Искуство од пациент во Клиника „Жан Митрев“: Приказна за сложени хируршки предизвици, стручност и посветеност

СП.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.
Се вчитува....