19:23 - 7 ноември, 2026

(Фото+видео) Јелена Розга настапи со српската пејачка која беше приведена во Македонија, обожавателите изненадени!

Босанската пејачка Џејла Рамовиќ, која неодамна беше приведена во Македонија, одржа заеднички настап со хрватската пејачка Јелена Розга.

 

@nastupi_poznatih00 Dzejla Ramovic I Jelena Rozga Evo ti sad, neka te boli Evo ti sad, dođi i moli Ne tiče me se, ne tiče me se #dzejlaramovic #dzejla #jelenarozga #uzivo #viral ♬ original sound – nastupi_poznatih


Победничката на српското музичко натпреварување „Ѕвездите на Гранда“ излегла на сцената во издание кое ја изненадило публиката.

Во провокативен фустан со длабоко деколте, мини крој и детали од чипка, Џејла го освоила целото внимание на присутните. Многумина коментирале дека ова е нејзиното најсмело издание досега.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DZEJLA RAMOVIC (@dzejlaramovic)


Коментарите се нижеле, а обожавателите порачале: „Никогаш не сме ја виделе вака“ и „Ја фрли Розга во сенка“, пренесува српски „Информер“.

Да потсетиме, Џејла неодамна беше приведена во Македонија заедно со нејзиниот бенд, откако полицијата откри дека настапуваат без соодветна работна дозвола.

Рамовиќ, која настапи во еден реномиран хотел во Кичево, се најде во полициски записник.

Според МВР, тие извршувале работа без претходно да обезбедат работна дозвола, што претставува прекршок по член 23 став 3 од Законот за странци. За настанот е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд во Кичево, согласно член 217 од истиот закон.

Хотелот неколку дена претходно ја најави Рамовиќ како главна ѕвезда на вечерната програма за 29 ноември, опишувајќи го настапот како „вистински музички спектакл“.

Слични објави

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....