13.1 C
Скопје
11:54 - 14 октомври, 2026

(Видео) Искрена исповед на Давид Темелков: Ова е неговиот најголем животен страв

​Поп-пејачот Давид Темелков во своето последно гостување отворено проговори за својот најголем животен страв.

​На прашањето од естрадниот магазин „Бекстејџ“ со какви стравови се соочува и како гледа на падовите во кариерата, тој ја даде оваа искрена изјава:

​„Генерално се трудам да немам некои стравови во животот. Не се плашам од неуспех, не се плашам од некои работи коишто се можеби позастапени во јавноста како стравови, како егзистенцијални стравови или слично. Но, она што е исконско кај секој човек, пак ќе се вратиме на семејството — губење на некој член од блиското семејство, тоа ми е можеби најголемиот страв којшто го имам во животот. А што се однесува до неуспехот, јас не го гледам како неуспех. Сметам дека патот до еден голем успех е преплетен со многу неуспеси во меѓувреме. Тие неуспеси се всушност лекции коишто нè учат како да стигнеме до целта и како да останеме таму каде што сме тргнале. Ако сè оди лесно, тогаш нема да знаеме да го цениме успехот кога ќе дојде“, изјави Темелков.


​

Слични објави

(Видео) Браќата од „Некст тајм“ се вратија во градинката во која пораснале — ги израдуваа дечињата со прекрасен гест

К.С.

Седум години од смртта на Дивна Карлеуша: Куќата во која почина остана заклучена и затворена засекогаш

Е.А.

(Фото) Двојна семејна прослава кај Дарко Илиевски — ја крстија ќерката Ана, а синот Матео наполни седум години

К.С.

Судбината им подготвува голем пресврт — овие четири хороскопски знаци ќе ја остават тешката година зад себе во 2027

К.С.

Дневен хороскоп за 14 октомври: Избегнувајте непромислени одлуки

apostolova

Хаос на српската естрадата: Дечкото на Мина Костиќ, Каспер, ја тужи Јована Јеремиќ!

apostolova
Се вчитува....