11.8 C
Скопје
14:32 - 30 март, 2026

(ВИДЕО) Хитот „Bring Me To Life“ од 2003 година, повторно се најде во врвот на Билборд листата: Никој не знае како се случи тоа

Хитот „Bring Me To Life“ се искачи на врвот на американската iTunes топ листа речиси две децении по објавувањето и никој не знае како се случи тоа. Но, тоа не е се. Хитот на „Evanescence“ од 2003 година е на петтото место на топ 100 топ листите на Билборд.

Така, песната стара речиси дваесет години ги исфрли новите хитови како што се „Super Freaky Girl“ на Ники Минаж и „As It Was“ на Хари Стајлс. „Evanescence“ се огласи на нивните социјални мрежи за да им се заблагодари на нивните верни фанови.

„19 години и сѐ уште е силна! Bring Me To Life е број 1 на iTunes. Ви благодариме за љубовта“, напиша екипата.

Од каде „Bring Me To Life“ на врвот на топ листите во 2022 година?

Ова би можело да има врска со заедничката турнеја на „Evanescence“ и „Korn“ која доби одлични критики. Обожавателите неодамна полудеа што бендот ги здружи силите за последната турнеја во САД, со слики и видеа кои кружат на интернет кои предизвикуваат носталгија за раните 2000-ти.

Инаку, Bring Me To Life е најуспешната песна од албумот Fallen, кој Evanescence го издаде во 2003 година и продаден во 17 милиони примероци. Бендот освои две Греми таа година, а Bring Me To Life беше хит од незамисливи размери во светот без YouTube, Facebook и паметни телефони.

Денес има милијарда прегледи на YouTube.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо
Се вчитува....