9.8 C
Скопје
18:03 - 30 март, 2026

(Видео) Ѓорѓе Давид непосредно пред и после несреќата во Македонија: Неговите движења ги регистрирала камерата на „Папарацо лов“

Неколку дена пред да доживее страшна несреќа во Македонија, во која ненамерно усмрти жена, Ѓорѓе Давид ги извршуваше секојдневните обврски.

Камерата од популарната српска емисија „Папарацо лов“ ги снимаше неговите движења во текот на денот во Нов Белград, каде што живее рокерот.

Членот на жирито на натпреварот „Ѕвезде Гранда“ прво отишол во кафуле на пијачка. Откако го напуштил кафулето, тој поздравил за јавноста непозната жена со бакнеж во образот, а потоа се ракувал со случаен минувач. Не се задржал долго, туку продолжил понатаму. Отишол во перална и си ги собрал алиштата, а потоа се упатил кон основното училиште во кое учи неговата ќерка.

Ја сочекал својата миленичка, која ја бакнал веднаш штом му пришла, а потоа со неа отишол во зградата каде што е фирмата во која работи неговата сопруга Ана, која инаку не живее со него, пренеува српски Курир.

принтскрин, папарацо лов

Дека љубовта меѓу нив е голема и покрај тоа што живеат на две различни адреси, покажуваат и видеата на кои страсно се бакнуваат. Ниту таму Ѓорѓене се задржал долго, ја оставил ќерката кај нејзината мајка и продолжил понатаму.

Секаде се движел со својот автомобил, кој е уништен во сообраќајката кај Куманово.

Потсетуваме, Ѓорѓе налета на судир на два автомобили. Поради слаба видливост и неозначување на местото на несреќата, Ѓорѓе налетал на жена која се движела по автопатот, која за жал починала. Рокер поминал со полесни повреди.

Одземени му се патните документи и наложено му е до петок да не ја напушта Македонија.

Слични објави

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо
Се вчитува....