9.8 C
Скопје
13:48 - 31 март, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) СУША ОТКРИ СЕЛО НА ДУХОВИ ВО ШПАНИЈА: По 30 години руините „испливаа“ на површина

Кончело де Лобиос во Шпанија е „село на духови“ кое се појави откако суша речиси ја испразни браната на шпанско-португалската граница и привлекува толпи туристи со своите морничави, сиви урнатини, според „Reuters“.

Со резеревоар на 15% од нејзиниот капацитет, уште еднаш се откриваат детали за животот што бил „замрзнат“ во 1992 година, кога селото Ацередо во северозападниот шпански регион Галиција било потопено за да се создаде акумулацијата Алто Линдосо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pablo Barral (@pablo.a7)

„Како да гледам филм. Имам чувство на тага“, изјави 65-годишниот пензионер Максимино Перез Ромеро од Ла Коруња. „Мислам дека тоа ќе се случува со текот на годините поради сушата и климатските промени.

Посетителите пронајдоа делумно срушени покриви, тули и дрвени остатоци што некогаш сочинувале врати или греди, па дури и фонтана за пиење со вода што сè уште тече од ‘рѓосана цевка. Гајби со празни пивски шишиња биле наредени кај некогашното кафуле, а скоро уништен стар автомобил рѓосувал покрај камениот ѕид.

Марија дел Кармен Јањес, градоначалничката на Лобиос, на кој му припаѓа Асередо, вели дека ваквата ситуација со езерото најмногу се должи на неколкумесечен период без дожд, а сушата дополнително би можела да се влоши во наредните недели.

Слични објави

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova
Се вчитува....