12:59 - 13 ноември, 2026

(Видео) Еве ја новата песна на Шакира со стрели кон Пике, таа никогаш посекси во спотот: „Се колнам дека веќе не си добредојден“

Самошто излезе новата песна на Шакира и нејзината колешка и сограѓанка Карол Џи.

Во песната наречена „TQG“, двете Колумбијки се обраќаат на своите поранешни партнери, а во еден стих Шакира пее „Што ме бараш, знаеш дека не ги повторувам грешките, кажи ѝ на новата бејби да не се натпреварува за љубов на маж“.

Во оваа песна, која веќе е „подготвена“ да стане голем хит, и двете пејачки зборуваат за мажите кои ги повредиле. Карол, која раскина со раперот Ануел АА во 2021 година, зборува за личноста која ѝ помогнала во тој период, додека Шакира споменува некој кој се оддалечил од неа, алудирајќи на Пике со кој раскинала по 11 години врска.

Сепак, тука не е крајот на прозивањето, во следната строфа Шакира очигледно повторно ги повикува Пике и неговата нова девојка Клара.

„Ме повреди што те видов со нова, но сега се фокусирам на себе“, пеат двете.

„Дури и животот ми се подобри, се колнам дека веќе не си добредојден .А тоа што твојата девојка ми го приреди, тоа не ме ни лути, а не ме ни засмејува“, е дел од текстот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KAROL G (@karolg)

Песната за само три часа по објавувањето собра над 2 милиони прегледи, а многумина коментираат дека двете пејачки никогаш не изгледале посекси.

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....