10:11 - 14 ноември, 2026

Ана Бекута и српските колеги нема да настапат ниту во Осиек, градоначалникот на овој град откажува: „Ваквата музика не се совпаѓа со европскиот идентитет на градот“

Откако градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ забрани концерт на народна музика во тој град, организаторите најавија дека концертот ќе се одржи во Осиек, но градоначалникот на Осиек, Иван Радиќ (ХДЗ) изјави дека најавениот концерт не може да биде одржан во градот.

„Осиек е централноевропски град кој има изразена европска димензија, град кој интензивно се развива во вистинска словенска метропола, град кој ја има најголемата културна манифестација на Источна Хрватска преку Осиекското лето на културата, што докажува дека културата и уметноста одлично се вклопуваат во градот на Драва“, напиша градоначалникот на Осиек на Фејсбук.

Тој, меѓу другото, изјави дека од медиумите дознал дека Осиек ќе стане „заменски град“ за најавениот концерт што првично требаше да се одржи во Пула.

„Со оглед на идентитетот на градот кој го развиваме и кон кој се стремиме, ваквата „промоција“ секако не е вистинскиот и посакуван пат што го поддржуваме. Не сакам да влијаам на она што ќе се слуша приватно, но верувам дека неопходно е да се биде селективен при изборот на содржините што се нудат во јавниот и градскиот простор. Оваа содржина треба да биде усогласена со визијата за развој и позиционирање на градот во иднина“, изјави Радиќ.

Како градоначалник, тој апсолутно ја поддржува реакцијата на неговиот колега градоначалник на Пула.

Проектот насловен „Илјадарка“ требаше да се одржи на 25 март во Домот на спортови во Пула, а требаа да настапат фолк музичари (и) од Србија – Ана Бекута, Драган Којиќ, Душко Кулиш и Зоран Миќановиќ.

Вчера се огласи Бекута со жесток одговор на градоначалникот на Пула (кој рече дека нема да дозволи музичко „ѓубре“ во градот), а за публиката српската пејачка најави дека ќе се видат во Осиек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ana Bekuta (@anabekuta1)

-Знам дека одлуката на градоначалникот на Пула нема никаква врска со начинот на кој размислуваат житлите на Пула и Истра. Поминав доволно време во Пула и Истра за да ги запознаам. Ѓубрето или како што тој го нарече отпадот, нема нација. Отпадот не може да биде српски или хрватски. Отпадот е едноставно отпад и ѓубре. Гледам дека го имаме во еднакви количини и во Србија и во Хрватска. Ако ми дозволат актерите на денешните вести да им дадам еден совет од животот: Ако не ви се допаѓа програмата, сменете ја. Кога не ви се допаѓа кафулето, сменете го. Ако не ви се допаѓа концертот, не купувајте билет. Многу е едноставно. Се гледаме во Осијек – напиша Ана на својот Инстаграм профил.

Ана Бекута жестоко му одговори на градоначалникот на Пула: „Ѓубрето не може да биде хрватско ниту српско“

Слични објави

Гоца Тржан ги насмеа сите: Проговори за Раша и својата висина од „метар и ќебап“

Е.А.

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо
Се вчитува....