12:38 - 31 јануари, 2026

(Видео) Еве го имотот каде што ќе се случува свадбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек, приватен комплекс до кој се стигнува само со дозвола

И така, по изненадувачката венчавка во Лас Вегас, викендов ќе се случува тридневна свадба на нај(о)зборуваната двојка на годината – Џенифер Лопез и Бен Афлек.

Познато е дека свадбата ќе се случува на имотот на Бен Афлек во крајбрежниот град Рајсборо, Џорџија, а на списокот на гости се членови на семејството, блиски пријатели, па дури и познати личности, кои се подготвени да одлетаат во градот за да прослават со парот. Меѓу нив ќе бидат и  од Кејси Афлек – братот на Бен, Џими Кимел, и Мет Дејмон кој е голем пријател на парот. Сите заедно со нивните семејства ќе бидат присутни и во недела кога ќе биде организирана забава во пикник стил со скара.

Актерот овој имот го купил во 2003 година, кога тој и Џенифер првпат се забавувале, и кога заедно планорале тука да ја прават свадбата и секако, тука и да живеат. За жал, ништо од тоа не се сличи откако парот се раздели. Во 2019 година истиот замок Афлек го имаше ставено на продажба за 8 милиони долари, но бидејќи немаше купувачи, остана негов. И, така, за оваа прилика нема подобра локација!

Имотот е комплекс од 87 хектари (35+ хектари) со поглед на реката Северен Њупорт во ултра-приватниот резерват на островот Хемптон. Се наоѓа на недопрен остров на околу 35 милји јужно од Савана, Џорџија.

Посетителите мора да добијат дозвола од жител на островот пред да го преминат мостот кој овозможува пристап до ексклузивниот плац кој има терен за голф и центар за коњи. Комплексот има неколку структури, но главната е таканаречената „Голема куќа“, која има 3 спални соби, 5 бањи и 6.000 m² простор за живеење. Втората и дефинитивно порустикална структура е на три ката, опкружена со чардаци и наречена „Ојстер Колиба“ може удобно да смести повеќе од дваесет луѓе во три мастер апартмани, плус дополнителни шест спални соби во стил на студентски дом опремени со кревети на спрат.

Третата структура, позната како „Летна куќа“ има огромна дневна и трпезарија, како и внатрешни и надворешни камини.

Забавата ќе започне во петок на 19 август, со вечера, додека во сабота ќе се случи вистинската церемонија.

Слични објави

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо

Сите го сакаа, а таа го освои со мал гест: Љубовната приказна на Вељко Ражнатовиќ и Богдана Ражнатовиќ

Еспресо

Дневен хороскоп за 31 јануари: Искористете го денот за одмор

apostolova

Хороскоп за 31 јануари: Биковите треба да ги следат правилата, Јарците да избегнуваат стресни ситуации

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо
Се вчитува....