8.8 C
Скопје
15:20 - 21 февруари, 2025

(ВИДЕО) ЕМОТИВЕН ПОДАРОК: Јелена Карлеуша доби подарок кој ќе има посебно место во нејзиниот дом

јелена карлеуша

Српската ѕвезда Јелена Карлеуша со нетрпение ја очекува новогодишната ноќ, бидејќи за првпат во нејзината кариера ќе настапи на најлудата ноќ пред Народното собрание во Белград.

„Тоа е круна на мојата кариера“, неодамна изјави пејачката.

(ФОТО) ПОМАЛАТA ЌЕРКА НА ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША НАПИША ПИСМО ДО ДЕДО МРАЗ: Листата на желби за подароци е долга, но заслужена!

Сепак, додека таа се подготвува за концертот кој со нетрпение го очекуваат и нејзините обожаватели, на домашната адреса на Карлеуша пристигнал посебен подарок.

Карлеуша на својот инстаграм-профил сподели како го отвара подарокот, покажувајќи го прекрасниот портрет на нејзината мајка Дивна Карлеуша направен по една од нивните најубави заеднички фотографии.

Ѕвездата го сподели изненадувањето со своите обожаватели и пријатели ставајќи само емоџи во форма на скршено срце, придружено со песната „Bila je tako ljepa“.

Да потсетиме, радио водителката Дивна Карлеуша почина на 3 март 2019 година, по долги години борба со ракот, а Јелена многу тешко ја поднесе оваа загуба.

Како што изјави во многу наврати, нејзината мајка ѝ била голема поддршка во се што правела, а пејачката била со неа во тешката битка за живот.

„Носев перика речиси една година, бидејќи косата ми падна од стрес. Тоа не се знае. Потклекнав. Нема полошо нешто од тоа што некој како мене, борејќи се и победувајќи во секоја ситуација, да не може да спаси некој што го сака најмногу на светот. Ми се лизна низ раце и не можев да ја спасам“, неодамна изјави Карлеуша.

(ФОТО+ВИДЕО) ЈЕЛЕНА КАРЛЕУША НАЈАВИ ЕДЕН КУП НОВИТЕТИ: Овој фустан го дизајнирав сама!

Таа призна дека смртта на Дивна бил нејзиниот најголем страв и тоа се случило во време кога ѝ било тешко во секој поглед.

„Како единствена ќерка бев исклучително приврзана за неа. Да ја изгубам беше остварување на најголемиот страв во мојот живот. Дивна умре, а за да биде злото поголемо, тоа се случи во период кога ми беше најтешко во приватна и деловна смисла и кога цел свет ми се уриваше, јавно, на сите насловни страници. Како животот да го смислил најлошото сценарио да види како глушец игра на вжештена рингла. Така се измачуваат животните во експерименти“, изјави пејачката пред извесно време.

Слични објави

(Фото) На Теодора Џехверовиќ ѝ коментараа дека се здебелила, па таа возврати: „За тебе сум најдобра!“

apostolova

Дедото на Вељко Ражнатовиќ му одржа лекција на зетот: Му ја даде раката на својата најмлада ќерка, па му покажа со кого си има работа

apostolova

(Фото) Ниту мајка ѝ не би ја препознала без шминка! Вака изгледа Мелина во теретана! 

Еспресо

(Фото) Ова е идната снаа на Харис Џиновиќ и Мелина: Исплива фотографија од Кан и неговата атрактивна девојка

Еспресо

(Фото) Лазар Ристовски и 39 години помладата Аница ги покажаа телата во костими за капење држејќи се за раце

Еспресо

„Го издржувам, некои велат дека е со мене за пари“: Верица Ракочевиќ откри сѐ за приходите на нејзиниот 35 години помлад сопруг

Еспресо
Се вчитува....