Елена Велевска искрено раскажа дека потекнува од сиромашно семејство кое го спасила од сиромаштија.
Гостувајќи во емисијата „Магазин“, на Тв „Сител“, фолк-пејачката ја отвори душата за непријатна случка од Австралија, а потоа откри и приказна за семејството.
„Во Австралија кога требаше да одам последен пат, менаџерот не сакаше да ме рекламира со образложение дека сум била доволно популарна и дека сака групата којашто ја носи да биде поекспонирана. Тоа го нема никаде. И му реков дека тогаш не гледам потреба зошто би одела таму, да се почувствувам како исфрлена од програмата. И мислеше дека по секоја цена јас ќе прифатам дека Австралија е во прашање, дека ќе прифатам без реклама и со такво дискриминирање од постерот, бидејќи ми се јавија луѓе и ми рекоа дека ме нема на рекламата и на постерот“, рече Велевска и додаде дека тоа била заедничка турнеја.
Елена рече дека за неа е апсурд некој да не сака да ја рекламира.
„Ако некој не сака да ме рекламира, тоа е апсурд, контрадикторно на цела популарност којашто си ја имам изградено низ годините. Некои луѓе мислат дека навистина можат некого да купат со парите.
Но јас уште од дете уште сум се изборила, а потекнувам од едно сиромашно семејство и како дете сум се изборила да станам едно дете коешто ќе ги спаси сите од таа сиромаштија. За мене навистина не се никогаш проблем парите, бидејќи парите доаѓаат и одат во животот. Но, не е мерило дека некој може да те купи со пари и да те потценува, да те уценува“, рече фолк-пејачката.
Потоа додаде дека менаџерот ѝ понудил поголем хонорар за да настапи, но таа одбила зашто како што рече: „Не постоеше за тоа оправдување, зошто правила се правила.“
View this post on Instagram
