08:31 - 27 ноември, 2026

(Видео) Драгана Мирковиќ уживаше во Скадарлија — познатата актерка ѝ пееше на уво

Српската пејачка Драгана Мирковиќ пристигна во Белград и веднаш замина во вечерно уживање. За својата прва ноќ во престолнината избра едно од најпознатите места во градот – боемската Скадарлија.

Пејачката на социјалните мрежи сподели дел од атмосферата, покажувајќи како си поминала во еден од познатите ресторани во Скадарлија.

Драгана во текот на целата вечер била расположена и насмеана, а уживала и во чаша бело вино.

Атмосферата особено се вжештила кога до нејзината маса пристигнале музичари, заедно со познатата српска актерка Љиљана Јакшиќ, која таа вечер настапувала во ресторанот.

Драгана со големо расположение уживала додека Љиљана Јакшиќ ѝ ја пеела познатата староградска песна „Ево банке, цигане мој“.

Очигледно воодушевена од атмосферата и гостопримството, пејачката споделила и емотивна порака:

„Кога ќе дојдам во Белград и ќе запее нашата прекрасна актерка Љиљана Јакшиќ.“

Слични објави

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova

(Фото) Драгана Мирковиќ ретко ја гледаме во костим за капење: Еве како изгледа кога ќе се соблече

Еспресо

Аница Лазиќ со објава ги подгреа шпекулациите за принова со Ристовски: „Дали сте подготвени да станете родители?“

Еспресо

Сопругата на Драган Лазиќ првпат се огласи по неговата трагична смрт: Со емотивна порака покажа колку ѝ недостига

Еспресо

Идентификувани осомничените за палењето на автомобилот на Александра Пријовиќ

Еспресо

Јаков Јозиновиќ откри на што ја потрошил првата голема заработка: „Таа го заслужи тоа!“

Еспресо
Се вчитува....