9.8 C
Скопје
00:16 - 4 април, 2026

(Видео) Џорџина Родригез царува низ Италија: Ликот ѝ е насекаде – билборди, автобуси, рекламни платна, а еве зошто

Италијанската дизајнерка Елизабета Франки избра за прв пат да ги претстави своите колекции преку меѓународно лице, способно да пренесе свесна и самоуверена женственост.

Џорџина Родригез, девојката на фудбалерот Кристијано Роналдо, портретирана од објективот на фотографката од Болоња, Нима Бенати, е идеална протагонистка за дизајнерката која сакаше да пренесе лична и стилска приказна, отворена за нови култури и вибрации кои го формираат лајтмотивот на колекцијата пролет/лето  2023 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

„Џорџина отсекогаш била жена блиска до мојот свет и целосно ја отелотворува визијата на оние кои избираат да носат модни парчиња Елизабета Франки – вели дизајнерката и додава дека таа е олицетворение на вредностите содржани во ДНК на брендот, а тоа се свесна женственост, силна но секогаш префинетата сензуалност.

Кампањата нема да остане само во италијанските градови, туку се проширува и низ метрополите ширум светот, секаде каде што се достапни продавниците „Elisabetta Franchi“.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....